Astrolungs

by Astrolungs

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.
    Purchasable with gift card

      name your price

     

1.
02:45
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.

credits

released September 16, 2018

Astrolungs се: Fitz, Емил, Fat Cacko, Сајче, Мики.

Контакт: sixtyninerecords [at] gmail . com

Снимано, миксано и мастерирано од страна на Валентино Скендеровски во студио Enterprise (2017-2018).

license

all rights reserved

tags

about

Astrolungs Macedonia

Astrolungs е музички проект и уште една скопска приказна составена од членови на пар афирмирани македонски бендови. Почетоците се некаде во 2012-та година, кога започнува како акустичен проект за во 2014-та година да премине во електрична варијанта. Своето прво издание (Self Titled), 8 избрани песни од претходниот перод, бендот го снима дури во 2017 година; а албумот во целост излезе на 16.09.2018 ... more

contact / help

Contact Astrolungs

Streaming and
Download help

Track Name: Прав
Милијарда години
прав ѕвездена
само еволуција
на мрачна материја

Надвор од орбитата
бесконечна приказна
во непознатото
во друга состојба
констелација
која одблеснува
јас сум повеќе од ова знам

Моите нозе скршени
моите мисли пластични
јаже околу врат
но мислата слободна

Надвор од орбитата
бесконечна приказна
во непознатото
во друга состојба
констелација
која одблеснува
ти си повеќе од ова знам
Track Name: Еднорог
Ова зло ми мириса
ова небо ме столчува
вода матна ми згорчува
гризам,
како црв во јаболко
како глодач во дрвото
усни крвави чисто зло

Го слушам пак
ме казнува
врзан, заглавен
ден (од ден)
по ден (нов ден)
се повеќе заробен
смел (нова цел)
само смел (нова цел)
утре ќе помине сè...

Ова тло несигурно
ова чувство на различност
усни крвави чисто зло
моќ
чуден дијалог
јас сум мртов еднорог
во градот на живите

Го слушам пак
ме казнува
врзан, заглавен
ден (од ден)
по ден (нов ден)
се повеќе заробен
смел (нова цел)
само смел (писма пишува)
утре ќе помине сè...
Track Name: Скопска приказна
О, прекрасни ровови
и сиво сребрени окови
крстот над гробот што засвети
црна приказна
ископани гробови
леат по улици дождови
мирис на смог не задуши
од таму сме

Надежта носи лажна насмевка
и засекогаш ќе бидеш жртвата
надежта
(сега мислите ме болат)
носи лажна насмевка
(ставаш окови јас се молам)
добредојден си во скопска приказна
(не се збогувај…)

О, како мал се прашував
дали ја боли земјата
кога ја удирам

О, како мал се колебав,
дали страдањето има крај,
jaс не го посакав

Надежта носи лажна насмевка
и засекогаш ќе бидеш жртвата
надежта
(орбитираш, јас те впивам)
носи лажна насмевка
(траги оставаш, во звезди стојат)
добредојден си
(но забораваш)
во скопска приказна
(на сè)
Track Name: Sвездена
Сон
патува низ просторот
спирално
те гледам низ ѕвезден перископ
се имаме
(далеку во небото)
еден со друг се имаме
(зракот твојот е само одговор)
ништо побитно
(ти си мојата светлина, за тебе орбитирам)

Еј,
како деца заљубени
ние сме
астероиди загубени
лебдиме
(далеку во небото)
левитираме во просторот
(зракот твојот е само одговор)
ме имаш пак…
(ти си мојата светлина, за тебе левитирам)

О-o-o, О-o-o
јас, сум, твој
о-o-o, О-o-o
јас, сум, твој
о-o-o, О-o-o
а ти си ѕвездена...

Далеку во небото
зракот твој е само одговор
ти си мојата светлина
за тебе орбитирам

О-o-o, О-o-o
јас, сум, твој
о-o-o, О-o-o
јас, сум, твој
о-o-o, О-o-o
а ти си ѕвездена...

Како светлина во утрото
еден поглед во минатото
секој ден е само почеток
нова страница, нов поредок

О-o-o, О-o-o
јас, сум, твој
о-o-o, О-o-o
јас, сум, твој
о-o-o, О-o-o
а ти си ѕвездена...
Track Name: Земјата на самракот
Во земјата на самракот
таму сонце не грее
во знамето на тоа тло
зракот сончев бледее

Во земјата на самракот
ден на жалост е
секој следен ден
луѓето гладни се хранат со молк
страв насекаде

Во земјата на самракот
закопани во голем гроб
големиот брат со нов експеримент
вградени чипови, мирен амбиент

Во земјата на самракот
ден на жалост е
секој следен ден
воздухот се наплаќа, помоли се
на заминување
Track Name: Часовникот
www.astrolungs.com
www.sixtyninerecords.org
www.fb.com/astrolungs

***********

Astrolungs - ЧАСОВНИКОТ
(Self Titled, 2018)

Ајде покажи ти страв
ајде кажи сега збогум
сам и заробен
без воздух

Ајде дај ми малку гнев
сега покажи ми јад
грутка во грлото
време истекува

Часовникот отчукува
часовникот отчукува
часовникот отчукува
(и овој час отчукува)
часовникот отчукува
часовникот отчукува
часовникот отчукува
часовникот отчукува
Track Name: Пикавци
Скршени зборови
празни одговори
за крај
сега стоиме
како робови,
како роботи,
без емоции

(Ааааа)
Пајажина и пикавци
приказни завршени
испишани...
(Уууу)
немам повеќе зборови
само милион проблеми
тоа си само ти

Скршени одговори,
празни зборови,
пикавци…
Сега се гасам и мижам за да видам
оставам лузни, нов ѕид ѕидам
тебе те нема и светлина здогледувам

(Ааааа)
Пајажина и пикавци
приказни завршени
испишани...
(Уууу)
немам повеќе зборови
само милион проблеми
ова е крај
Track Name: Последна станица
Слушни го, пристигнува
возот во смрт што испраќа
те држам цврсто, мрак ме обвива
надеж ти оставам за крај

Овој куфер заминува во туѓина,
ќе одам пат да изградам
те оставам во бол моја љубена
јас верувам во судбина
ме чека следна станица

Среќа овде немавме
па секаде сè пробавме
ги изгубив сите мои најмили
ги загубив, заборавив

Овој куфер е заминат во туѓина
отидов пат да изградам
те оставив во бол моја љубена
и не те видов никогаш
чекав следна станица

If you like Astrolungs, you may also like: